More

    Нетанјаху негира дека египетското разузнавање го предупредило за нападот на Хамас

    spot_img

    Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека извештајот за предупредувањето на египетскиот шеф на разузнавањето Абас Камел за „невообичаена, ужасна операција“ десет дена пред нападот на Хамас е „целосно лажна вест“.

    Како што се наведува, премиерот „не разговарал, ниту се сретнал (со Камела) од формирањето на владата – ниту тајно, ниту директно“.

    Тоа е целосно лажна вест“, се вели во соопштението.

    Претходно беше објавено дека неименуван египетски разузнавач изјавил дека неговата земја, која често посредувала меѓу Израел и Хамас, постојано предупредувала за заканите од Газа, односно за „нешто големо“ и дека израелските власти ги омаловажиле овие закани. Тие, тврди неименуваниот функционер, се фокусирале на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег, објавија израелските медиуми.

    Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху е составена од поддржувачи на еврејските доселеници на Западниот Брег, кои побараа сузбивање на палестинските екстремисти поради ескалацијата на насилството во последните 18 месеци.

    Ги предупредивме дека наскоро доаѓа експлозија на ситуацијата и дека ќе биде голема, но тие ги потценија таквите предупредувања“, рече тој функционер.

    Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, ненадејно го нападна Израел рано наутро во саботата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img