Нетанјаху најави „целосна безбедносна одговорност“ за Појасот Газа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Израел денеска е ден на жалост во знак на одбележување еден месец од нападот на терористичката група Хамас на 7 октомври, во кој загинаа над 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили, а околу 240 беа земени како заложници.

Во 11 часот на национално ниво ќе има едноминутно молчење, а локалните власти низ земјата ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Во текот на денот ќе се одржуваат и комеморативни церемонии во училиштата и универзитетите.

Во Ерусалим ќе се одржи меморијален и протестен собир на ужалените семејства пред Кнесетот. На крајот на службата, ќе биде поставен постојан камп пред Кнесетот, предводен од ужалените семејства кои бараат нова влада, соопштија организаторите.

– Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ за Појасот Газа на „неопределен период“ откако ќе завршат борбите – е  последната изјава на премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, пренесе Би-Би-Си.

Тој ги даде коментарите во интервју за американскиот канал Еј-би-си њуз, во кое тој, ги отфрли повиците за прекин на огнот без ослободување на заложниците земени од Хамас во нивните напади на 7 октомври.

Сепак, тој рече дека можеби се можни хуманитарни паузи кои ги предлага американскиот претседател Џо Бајден.

-Што се однесува до тактичките мали паузи, час овде, час таму, ги имавме претходно. Претпоставувам дека ќе ги провериме околностите, за да овозможиме да влезат стоки, хуманитарни стоки или нашите заложници, индивидуални заложници, да заминат – додаде Нетанјаху.

Share This Article