More

    Нетанјаху изјави дека „постои датум“ за воена инвазија врз градот Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа

    spot_img

    Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „постои датум“ за воена инвазија врз градот Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа.

    Тој во денешната видеопорака истакна дека операцијата во Рафах е од суштинско значење за победата на Израел во војната со Хамас.

    – Тоа ќе се случи. Постои дату – истакна Нетанјаху без да открие повеќе детали за планираната операција на израелските сили.
    Израелскиот премиер зборуваше за инвазија врз Рафах додека во Каиро претставници на двете страни во конфликтот разговараа за прекин на огнот.

    Нетанјаху постојано инсистира Израел да испрати војници во Рафах, градот кој важи за последно упориште на палестинските милитанти на Хамас, но меѓународната заедница, вклучително и најблискиот сојузник на Израел, САД, се спротивставуваат на најавената операција, бидејќи околу 1,4 милиони цивили кои побегнале во градот сериозно ќе бидат загрозени.

    Израел постојано повторува дека има план да ги заштити цивилите во најавената инвазија. Според неименуван израелски извор, Израел купува 40.000 шатори за да се подготви за евакуација на Рафах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img