More

    Нетанјаху ги демантира гласините дека ќе има прекин на огнот во Либан

    spot_img

    Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, соопшти дека овие тврдења се неточни.

    „Има состанок за американско-францускиот предлог на кој премиерот не ни одговори“, соопштија од кабинетот на премиерот.

    Забележано е дека не е точна и информацијата објавена од израелскиот Канал 12 дека Нетанјаху ѝ наредил на израелската армија да изврши умерени напади во Либан, наведувајќи дека премиерот ја овластил армијата да продолжи со интензивните напади врз цели на Хезболах.

    Во соопштението за печатот се наведува и дека борбите во Појасот Газа ќе продолжат сѐ додека не се постигнат сите воени цели против Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

    Израелските политичари и жителите на северен Израел го осудија американско-францускиот предлог за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах кој треба да започне денеска околу пладне, објавија израелските медиуми. Како што претходно беше најавено, САД, ЕУ, Франција, Германија, заедно со неколку други сојузници и три арапски земји, ги повикаа владите на Израел и Либан на итен 21-дневен прекин на огнот преку израелско-либанската граница, истовремено изразувајќи поддршка за прекинот на огнот пожар во Појасот Газа, се вели во заедничкото соопштение на тие земји објавено од Белата куќа.

    Израелскиот крајнодесничарски министер за финансии, Безалел Смотрич, денеска го отфрли предлогот за 21-дневен прекин на огнот во Либан и повика на „уништување“ на либанската вооружена група Хезболах, јавија француските меидуми.

    – Кампањата на северот треба да заврши со еден единствен резултат: уништување на Хезболах и елиминирање на неговата способност да им наштети на жителите на северот – рече Смотрич на платформата Икс, додавајќи дека прекинот на огнот предложен од САД и нивните сојузници ќе му даде време е Хезболах да се „реорганизира“.

    Премиерот на Либан, Наџиб Микати, изрази надеж дека наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот за да се стави крај на борбите меѓу Израел и проиранската шиитска милиција Хезболах, што ја потресе неговата земја и доведе до стравувања од копнена инвазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img