More

    Нетанајху најави силен напад откако цивилите ќе го напуштат градот

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска најави силна операција во Рафах, откако ќе им се овозможи на цивилите да го напуштат градот во јужниот дел на Појасот Газа.

    „Ќе се бориме до целосна победа, која вклучува силна акција во Рафах, и тоа откако ќе дозволиме цивилното население да ги напушти борбените зони“ – вели Нетанјаху во пораката на хебрејски на неговиот профил на Телеграм.

    Неговиот коментар дојде откако денеска во Каиро продолжија разговорите за примирје меѓу Израел и Хамас.

    Во Рафах, град кој е претворен во огромен логор, според податоците на ОН има околу 1,4 милиони луѓе, од кои повеќето се раселени поради војната.

    Израелската армија во понеделникот вечерта веќе изведе операција во која беа ослободени двајца израелски заложници, а на палестинската страна, според нивните извори, има „околу стотина мртви“.

    – Оваа недела ослободивме двајца наши заложници во внимателна воена операција. Досега ослободивме 112 наши заложници преку комбинација на силен воен притисок и цврсти преговори –  Нетанјаху во средата навечер.

    Тој најави силен притисок и побара од Хамас да се откаже од илузорните барања.

    – Тоа е клучот за ослободување на нашите преостанати заложници: силен воен притисок и многу цврсти преговори. Во оваа смисла, инсистирам Хамас да се откаже од своите илузорни барања. Кога ќе се откаже од своите барања, ќе можеме да продолжиме напред – истакна израелскиот премиер.

    Нетанјаху не даде детали за барањата на Хамас, но според извори од палестинското исламистичко движење, Хамас повикува на „целосен прекин на огнот“, додека Израел бара пауза во борбите заедно со ослободување на заложниците.

    Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика Хамас „брзо“ да склучи договор за прекин на огнот, особено за да се избегне напад врз Рафах што ќе резултира со илјадници жртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img