Министерството за одбрана на Турција соопшти дека пет членови на екипажот загинале, а едно лице е тешко повредено во падот на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен лет во Испарта во југозападна Турција, јавува Анадолија.
„Еден од нашите хеликоптери УХ-1, кој извршуваше тренажен лет во Испарта, имаше несреќа и петмина наши лица загинаа. Еден од нашите вработени е тешко повреден во несреќата и веднаш е пренесен во болница“, се вели во соопштението.
Министерството за одбрана на Турција упати сочувство до семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа, како и до турските вооружени сили, а на повредениот персонал му посака брзо закрепнување.