More

    Несекојдневен улов во езерото Калиманци

    spot_img

    Сом тежок 80м килограми е уловен во Калиманско Езеро од спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево.

    – Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, вели Стојмирски.

    Претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.

    – Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и беше долг 230 сантиметри, додава Ќурчиски.

    Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img