Нервозна порака на жителиите на Тенерифе до посетителите од Велика Британија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Локалните жители на Тенерифе им објавија војна на британските туристи кои ги поминаа велигденските празници на островот и им порачаа на сите „да си одат дома“. Жителите на најголемиот Канарски остров ги нарекоа Британците „рак рана“ поради која нивните трошоци се зголемуваат, а тврдат и дека пијаните забави им го уништуваат рајот, пишува The Sun.

Тие сметаат дека туристите од Обединетото Кралство доаѓаат само за евтино пиво, плескавици и сончање, поради што бараат воведување туристичка такса, помалку летови до островот и забрана на странците да купуваат недвижен имот. Локалците од Тенерифе порачаа дека веќе не можат да се носат со постојаната бучава, сообраќај и ѓубре што ги придружуваат бројните туристите на островот.

 

Низ целиот остров се испишани бран нови антитуристички графити, кои на Британците им порачуваат дека не се добредојдени. „Вашиот рај, нашата беда“, „Туристи одете си дома“ и „Локалните жители се принудени да се иселат за што вие сте одговорни“ се само дел од графитите со кои се испраќа предупредување до властите со надеж дека наскоро ќе воведат нови мерки за ограничување на туризмот.

 

Локалното население веќе поднело петиција до властите на островот, а за 3 март е закажан протест во Санта Круз на кој активистите ќе ги изнесат своите желби и барања. Кон крајот на овој месец, планиран е поголем протест на социјалните и еколошките групи кои сакаат да ги заштитат природните оази и да воспостават построги правила за странците кои купуваат недвижен имот.

– Криза е, мора итно да ги промениме работите. Луѓето живеат во автомобили и пештери, локалното население не може да си дозволи храна, пијалок или пристоен живот.  Страниците за изнајмување сместување Airbnb и Booking се како рак кој малку по малку го јаде островот – изјави Иван Сердена Молина (36), кој помага во организирањето на протестот.

Сликарката Вики Коломер (63) изјавила дека скржавите британски и германски туристи сакаат само да пијат евтино пиво, да лежат на сонце и да јадат хамбургери и помфрит.

– Ова беше рај, но сега дефинитивно не е. Не можам да си дозволам да изнајмувам или да купам куќа. На островот му требаат поквалитетни луѓе, рече таа.

- Advertisement -
Ad image

Минатата година жителите на Канарските острови маршираа низ улиците со транспаренти на кои пишуваше „Канарските Острови повеќе не се рај“ и „Канарите не се на продажба“.

Доселениците и туристите сметаат дека војната против туризмот е погрешен пристап и дека голем дел од туристите на островот трошат многу пари од кои опстојуваат многу локални бизниси.

Share This Article