More

    Неприфатлива е небезбедната евакуација на цивилите во Рафа

    spot_img

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека Израел е должен, во согласност со меѓународното право, да ја обезбеди безбедноста на цивилите во градот Рафа на југот на Појасот Газа

    – Присилувањето на цивилите да го евакуираат Рафа е неприфатливо – напиша Борел на социјалната мрежа Икс.

    Тој го повика Израел да не ја продолжи копнената операција во Рафа, нагласувајќи дека тоа дополнително ќе ја влоши и онака тешката хуманитарна криза.

    И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел оцени дека се неприфатливи наредбите на израелските власти за евакуација на цивилите од Рафа, јужно од Појасот Газа, поради офанзивата врз тој град.

    – Ја повикуваме израелската влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и бараме да не презема копнена операција во Рафа. Транзитните пунктови мора да бидат целосно функционални и да овозможат испорака на суштинска хуманитарна помош до гладните палестински цивили – изјави Мишел во објава на платформата Икс.

    Израелската армија вчера ги повика жителите на населбата во централниот дел на Рафа да се евакуираат додека таа ја продолжува операцијата против Хамас во градот. Израелскиот воен кабинет во четвртокот вечерта одобри „ограничено проширување“ на воената операција во Рафа.

    Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (УНРВА) соопшти дека околу 300.000 лица биле погодени од наредбите за евакуација во Рафа и Џабалија, но дека бројките веројатно би можеле да бидат поголеми бидејќи тоа се густо населени области.

    Околу еден милион Палестинци, кои побегнаа од конфликтот во другите делови на Појасот Газа, најдоа засолниште во Рафа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img