Неправилна етикета на картон во Австрија предизвикала збунетост кај лекарите, поради што биле дадени погрешни дози на вакцини против коронавирусот.
Во пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но всушност биле дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ.
Колку такви дози биле инјектирани засега е најасно. Со вакви вакцини биле имунизирани жителите во провинцијата Долна Австрија.