More

    Непозната респираторна болест се шири во Кина: Болниците се преполни, наставата е откажана во многу училишта

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) побара од Пекинг детални информации за порастот на „недијагностицираните респираторни заболувања“ кај кинеските деца, пишува германски Билд.

    СЗО го повика кинеското население да преземе „мерки за намалување на ризикот“, додава Билд.

    Информациите дека детските болници во северните делови на земјата се полни со болни деца од октомври, ја објавија кинеските независни медиуми, но властите одговорија дека станува збор за „ширење на познати патогени, како што се грип и бактериски инфекции, поради укинување на ограничувањата наметнати поради ширењето на коронавирусот“.

    Се чини дека ситуацијата се влошува, па глобалниот систем за следење на појавата на болести „Промед“ предупредува на епидемија на „недијагностицирана пневмонија“ кај децата.

    „Овој извештај укажува на широко распространета појава на недијагностицирана пневмонија. Воопшто не е јасно кога започна оваа епидемија бидејќи би било невообичаено толку брзо да се зафатат толку многу деца“, се вели во извештајот на Промед, пренесува Билд.

    Наставата беше откажана во многу училишта, бидејќи не само учениците, туку и наставниците се разболеа од пневмонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img