Непознат херој вчера спаси жена во бурата во Хрватска

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сè уште има несебични луѓе во светот кои се навистина подготвени да излезат од својата комфорна зона и да помогнат на непозната личност. Ветрот буквално му ги кинеше алиштата, но тој беше упорен. Човекот направи нешто за што навистина немам зборови. Илјада благодарности и до него и до мојот сосед, раскажала за хрватскиот портал 24сата Снежана Фајфар од Средњак за својата „средба со смртта“.

Таа, како и многу други загрепчани, долго ќе се сеќава на силното невреме што вчера го опустоши главниот град, но и десетина жупании во Хрватска. Таа во средата околу 16 часот се враќала од работа. Паркирала недалеку од влезот на зградата и проценила дека без разлика на силниот ветер и дожд ќе успее безбедно да стигне до влезот.

– Како што се приближував до знакот ми стануваше сè потешко да одам, а на крајот не можев ни да се движам. Околу мене летаа гранки, дрва паѓаа, навистина изгледаше катаклизмично. Го фатив знакот мислејќи дека тука ќе застанам малку и ќе почекам да се смири ситуацијата, да падне малку ветерот – објаснува Снежана.

Но, ситуацијата не се смирила. Дождот и силниот ветер ја погодиле во лицето на Снежана, а таа не можеше да види ништо околу себе.

– Непознат млад господин, кому не можам доволно да му се заблагодарам за помошта, стоел со својот автомобил бидејќи не можел да помине поради паднато дрво. Некое време гледав во него и тој во мене. Потоа видов дека продолжи понатаму, но поради ветерот и дождот не можев да видам во која насока. Само помислив „Боже, останав сама, готово е – истакнува таа.

Снежана продолжила да се држи за знакот, но силите полека ѝ се трошеле. Била сигурна, вели, дека ќе ѝ паднело дрво или дека ќе одлетала сосе знакот. Налетите на ветрот биле неверојатно силни. И тогаш одеднаш се појави спас.

– Го видов тоа младо момче пред мене. Кога некој би ставил пет мажи пред мене и ми каже да се обидам да го препознаам мојот спасител, јас не би го препознала поради количината на шокот што го доживеав. Верувајте ми, ја видов смртта и тој ми беше спас. Фала му на небото – се исповеда Снежана.

– Тогаш притрча и соседот, ме туркаше од едната страна, а младиот човек ме влечеше кон зградата. Тоа го направија со многу мака. Ќерка ми беше сведок на сето тоа, врескаше, сакаше да тргне накај мене, за среќа не ѝ дозволија бидејќи ветрот ќе ја однесеше – додала таа.

Поради целата тепачка која настанала и паниката која ја зафатила, Снежана не е сигурна дали воопшто му се заблагодарила на младичот. Би сакала, вели, да знае кој е тој за да му се заблагодари од се срце за доброто дело.

- Advertisement -
Ad image

– Поради него и поради мојот сосед од вчера имам два родендени – заклучила таа.

Share This Article