Марлон Перез, колумбиски велосипедист, беше погребан два дена откако беше избоден до смрт во градот Ел Кармен де Виборал.
Според пишувањата на медиумите во Колумбија, поранешниот велосипедист бил избоден со нож од пијан напаѓач кој се обидел да му го украде синџирот додека го шетал неговото куче.
По тој повод дојде до пресметка која заврши трагично.
Полицијата наводно го уапсила напаѓачот неколку часа по убиството.
Голем број луѓе се простија од Перез, легендата на колумбискиот велосипедизам.