Ако бројот на вагата се искачува и покрај вашите напори да ги намалите несаканите килограми, знајте дека не сте сами.
Многу експерти тврдат дека повеќето луѓе се дебелеат од сосема неочекувани причини за кои не се ни свесни, пишува Eat This Not That.
Покрај тоа, речиси половина од испитаниците изјавиле дека се бореле да ги постигнат своите цели за слабеење и не успеале, всушност се здебелиле.
Според истражувањето, најголемите пречки со кои се соочуваат луѓето при губење на тежината вклучуваат одржување на волја, недостаток на мотивација, придржување кон здрава исхрана и прескокнување оброци, пренесува Index.hr.
Но, зошто е толку тешко да изгубите тежина и да ја задржите? За да помогне во решавањето на оваа дилема за сите кои се борат со неа, експертите за исхрана и слабеење ги наведоа најчестите причини зошто се дебелееме, иако се чини дека правиме се како што треба. Ова го вклучува следново:
– ексклузивно вежбање, занемарување на други физички активности
– прекумерни порции храна
– конзумирање прекумерни количини на калории од храна и пијалоци
– недоволно спиење
– недоволен внес на протеини
– премногу стрес
– земање лекови кои придонесуваат за зголемување на телесната тежина
– проблеми со хормоните
– пребрзо консумирање храна
– прескокнување оброци.