Претседателката на Преставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, предмалку пристигна аеродромот во Тајпеј, главниот град на Тајван.
Против нејзината посета на Тајван, претходно протестираа официјалните претставници на Пекинг, а претседателот Си Џингпинг, ги предупреди Американците да не си играат со оган.
Ројтерс претходно потврди дека Кина го затворила небото за прелет на авиони, а од непотврдени извори се шпекулира дека во правец на Тајван се испратени кинески авиони од типот СУ-35. Во последниве денови пристигнуваа информации за масовна мобилизација на кинеската армија и складирање на воена опрема во деловите на земјата, од каде евентуалната инвазија на Тајван би можела да се изврши.
Кина не ја признава независноста на Тајван, а Пелоси е прваата официјална претставничка на САД, која го посетува Тајпеј по цели 25 години.