Пливачката заедница во Хрватска деновиве ја потресе смртта на млада колешка. Иван Бусато, актуелниот шампион на оваа земја во пливање на 1500 метри, ненадејно почина во понеделникот на 21-годишна возраст.
Иван беше член на пливачкиот клуб Јадран од Сплит, а покрај пливањето беше член и на фудбалската заедница како судија во фудбалскиот сојуз на Сплитско-Далматинската жупанија.
„Со неискажлива тага ја примивме веста за ненадејната смрт на дваесетгодишниот Иван Бусат, актуелниот сениорски шампион на Хрватска на 1500 метри. Иван не беше само врвен спортист, туку и најдобар син, брат и пријател и исклучителна личност. Нашето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите пливачи. Нека неговата спортска страст живее во сеќавањата“, соопштија од Хрватскиот пливачки сојуз.
„Збогум, Иван… Нема зборови со кои може да се опише колку ни е тешко да го кажеме, да го напишеме. До тимот, тренерите, клубот…“, се вели во прошталната порака на ПК Јадран.