More

    Немири во Франција поради изградба на резервоар за наводнување, 35 повредени

    spot_img

    Француските власти соопштија дека 35 лица се повредени, од кои пет потешко, во немирите што избија на протестот во централниот дел на земјата против изградбата на резервоар за вода. Запалени се неколку полициски возила, а полицијата употреби солзавец кон демонстрантите

    Парис Монд додаде дека организаторите на собирот, кој инаку беше забранет поради страв од насилство, најавија многу поголем број повредени, околу 200.

    Во саботата наутро, три поворки демонстранти се упатија кон градилиштето на резервоарот за вода. На пат кон тоа место и на самото место дошло до судири со полицијата која употребила солзавец. Според полицијата, имало околу 6.000 луѓе, а организаторите 20.000.

    Властите распоредија 3.200 жандарми и полицајци за да го надгледуваат забранетото собрание против проектот за изградба на резервоари за вода за земјоделството.

    Премиерката Елизабет Борн и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен го осудија насилството.

    Пред почетокот на собирот полицијата приведе 11 лица и кај нив пронашла оружје.

    Француските медиуми објавија видеа и фотографии од инцидентите, а министерот за полиција Дарманен рече дека меѓу демонстрантите има и припадници на екстремната левица кои се насилни кон припадниците на редот.

    Монд објави дека во саботата се одржале протести поради нацрт-законот за имиграција во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лил, Ница, Рен, Кан, Орлеанс и Монпеље. На тие митинзи имаше многу помал број луѓе во споредба со претходните собири против реформата на пензискиот систем. За следната недела се најавуваат големи протести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img