More

    Немири во Франција поради изградба на акумулации за наводнување на терените

    spot_img

    Запалени се неколку полициски возила, а полицијата употреби солзавец кон демонстрантите за време на немирите што избија во саботата поради спорната изградба на резервоар за вода во централна Франција, каде што се собраа неколку илјади луѓе и покрај забраната за собир.Во саботата наутро, три поворки демонстранти се упатија кон градилиштето на резервоарот за вода. На пат кон тоа место и на самото место дошло до судири со полицијата која употребила солзавец.

    Според полицијата, на собирот имало околу 6.000 луѓе, а организаторите 20.000.

    Властите распоредија 3.200 жандарми и полицајци за да го надгледуваат забранетото собрание против проектот за изградба на резервоари за вода за земјоделството.

    Француските власти стравуваат од насилство поради тековните тензии на протестите против пензиските реформи.

    На собирот има еколошки активисти, меѓу кои околу 1.000 се подготвени на насилство, соопштија властите.

    Француските медиуми објавија видеа и фотографии од инцидентите, додека министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека меѓу демонстрантите има и припадници на екстремната левица кои се насилни кон припадниците на редот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img