Немилосрдната технолошка трка на САД со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс на сослушувањето во американскиот Сенат.
– Мислам дека технолошката револуција е главната арена на конкуренција со Кина. Тоа е исто така примарна одредница за нашата иднина како разузнавачка служб – рече Барнс.
Изјавата на Барнс доаѓа по неодамнешното објавување на Годишната проценка на заканите на американската разузнавачка заедница, во која Кина беше недвосмислено именувана како најголема закана за националната безбедност на САД.
Во извештајот се вели дека Пекинг активно користи кибер алатки за да ги шпионира Американците, дека е успешен во кражба на интелектуална сопственост и има способност да стекне странска технологија.
Директорот на ЦИА беше сослушан во Конгресот заедно со директорите на другите американски разузнавачки служби на седница посветена на меѓународните закани за американската национална безбедност.