„Немаме никакви проблеми со Шведска и Финска, како што ги имаме со Украина. Aко сакаат да се приклучат на НАТО, само напред“.
Вака го коментираше идното членство на своите балтички соседи рускиот лидер Владимир Путин. Тој предупреди дека доколку НАТО постави војска и опрема во овие две земји, Русија ќе мора да одговори со иста мера.
– Но, тие мора да разберат дека претходно немаше закана, додека сега, доколку таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ќе мора да одговориме со иста мерка и да создадеме исти закани за областите од кои сме загрозени – рече рускиот шеф.
Путин за првпат е надвор од Украина од почетокот на војната. Тој ја даде изјавата од Туркменистан, каде е на средба со лидерите на земјите од Централна Азија.