More

    Немаат идеи и проекти, па наметнуваат такви теми, реагираше Мицкоски

    spot_img

    При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на иницијативата на ДУИ и Ахмети за претседател на државата да се бира во Собрание истакна дека таквите изјави треба да се игнорираат бидејќи доаѓаат од политичари кои што не се фактор, а и за бргу време ќе бидат пратени во политичка пензија но и голем дел од нив ќе бидат и дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност бидејќи постојат основани сомненија дека сториле огромен криминал изминатите години.

    – Ја слушнав таа изјава на Али Ахмети ќе го поделам одговорот во два дела, првиот дел мислам дека оваа изјава на Али Ахмети во отсуство на други идеи и во отсуство на корисни проекти, а во услови кога се фатени во огромен криминал ДУИ се обидуваат сега со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата, како што беше тема во кампањата премиер Албанец сега да биде претседател Албанец и мислам дека треба да се игнорира, бидејќи сите ние знаеме дека прво не се фактор за да можат да наметнат таква тема и мислам дека не треба повторно да се фаќаме како јавност на јадицата која што доаѓа од политичка опција која што набргу од денеска ќе биде во минатото и ќе одговара за сето тоа што го правеле. Второ, дури и самата дрскост да се каже такво нешто и тоа да се поврзе со уцена за излезеноста на изборите претставува недржавен чин за партија која што претендира да се претстави како државотворна и која што 22 години е дел од владата и го јаде лебот поради овие граѓани и оваа држава – изјави Мицкоски.

    Мицкоски потсети дека во минатите претседателски изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ не уценувале за цензус.

    – Ние тоа не го направивме. Затоа на политичката сцена во Македонија постои ВМРО-ДПМНЕ и сите останати, а тоа го потврдува Али Ахмети и ДУИ. Затоа ве замолувам многу внимателно да пристапуваме како медиуми на ваквиот тип на изјави и обид за дефокус од политичари кои што не се фактор а се обидуваат да се претстават како фактор а за многу бргу време од денес ќе бидат пратени во политичка пензија и голем дел од нив ќе бидат дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност за кои што постои основани сомненија дека сториле огромен криминал изминативе години – рече Мицкоски и нагласи дека на претстојните избори треба да се истакнат проектите, капиталните инвестиции и подобриот стандард на граѓаните, а не фрустрациите на поединците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img