Меган Фокс и Машин Ган Кели ја завршија својата свршувачка. Актерката потврди дека парот повеќе не е подготвен да се венча, но додаде: „Секогаш ќе бидам поврзана со него некако“, пишува Дејли Меил.
Цела една турбулентна година врската на Меган Фокс со раперот Машиун Ган Кели беше мистерија за фановите. Но, во гостувањето на подкастот на попукларниот Алекс Купер, Меган Фокс ја резреши дилемата – свршувачката е прекината.
Меган и МГК се запознаа на снимањето на еден филм во 2020 година и тогаш почнаа да се забавуваат таа година. Во 2022 година тие ја објавија својата свршувачка на Инстаграм.
Но, нешто повеќе од една година подоцна, Меган сензационално навести дека се разделила од раперот и сподели „шифрирана“ објава на Инстаграм, пред целосно да го избрише својот профил.