More

    Нема предавање во „Азовстал“, а снемува храна, лекови…

    spot_img

    Борците на групата „Азов“, кои со денови се опколени во челичарницата во „Азовстал“, на светот му испратија страшни фотографии од своите војници и состојбата во која се наоѓаат. По два месеци во подземните тунели, нив им снемува храна и муниција, но не се предаваат. Бараат помош од меѓународната заедница.

    – Нема да се предадеме. Предавањето значи смрт – вели првиот човек на баталјонот во „Азовстал“, Свјатослав Паламар.

     

     

    „Целиот цивилизиран свет треба да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да реагира! Во сосема нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилни остатоци од завои, без потребните лекови, па дури и храна!“, напишале борците на каналот Телеграм.

     

     

    „Ги повикуваме Обединетите Нации и Црвениот крст да покажат хуманост и да ги потврдат основните принципи на кои се создадени. Спасете ги ранетите! Војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката „Азовстал“ ја бранеа Украина и целиот цивилизиран свет по цена на нивното здравје и животи. Дали заедниците (ОН и Црвениот Крст) сега не се во можност да ги заштитат и да се грижат за нив?“, се додава во објавата.

     

     

    Борците, исто така, побараа „итна евакуација на ранетите војници на териториите под контрола на Украина“, каде што може да им се обезбеди потребната помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img