Нема повеќе гас за ЕУ преку Полска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот гасен гигант „Газпром“ објави дека ќе престане да го користи гасоводот во сопственост на „ЕуроПол ГАС“, заедничко вложување меѓу „Газпром “и полската компанија „PGNiG“, која управува со полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа.

– Воведувањето руски контра-санкции значи забрана за користење на гасоводот што му припаѓа на „Европол ГАЗ“ – изјави портпаролот на гасниот холдинг Сергеј Купријанов.

– Воведена е забрана за трансакции и плаќања во корист на лица подложени на санкции, за „Газпром “тоа значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на Европол за пренос на руски гас преку Полска – рече портпаролот.

Share This Article