More

    Нема да прифатам Путин да го нарекуваат Хитлер или лудак

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин траел долго, дека разговарале за сè и дека Путин „не е луд“.

    Тој наведе и дека Србија на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации гласала за суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН бидејќи била уценувана, јави дописникот на МИА од Белград.

    Вучиќ на РТС кажа дека примарна одлука на Србија била да се воздржи, но во тој случај би следувал силен притисок од двете страни.

    Тој појасни дека Европската унија ја одложила одлуката за увоз на нафта во Србија за 18 часот, за да се види како ќе гласа Белград на седницата на ОН која почнала во 16 часот.

    Вучиќ оцени дека над Србија во секој момент „лебди“ закана со санкции и запирање на европскиот пат поради односот кон Русија, повторувајќи дека Србија е единствената земја во Европа која нема воведено никакви рестриктивни мерки против Русија и дека „ќе гледа така и да остане“.

    Тој изјави дека вчера разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за гасот, нафтата и Нафтената индустрија на Србија (НИС) која е во мнозинска руска сопственост, како и за конфликтот во Украина.

    -Разговорот беше добар и коректен, иако не можам да бидам целосно отворен од разбирливи причини. Не можам и нема да прифатам Путин да го нарекуваат Хитлер или лудак, некој што се однесува хистерично. Тој зборуваше со мене мирно, рационално и постигнавме согласност за значаен дел за тоа што разговаравме, сакаше да ме информира за ситуацијата во Украина, за Буча и плановите. Кажа дека сè оди според неговите планови – изјави претседателот на Србија.

    Тој додаде дека за притисокот врз Србија говори и инцидентот од летот на авионот на Ер Србија од Москва за Белград, кога борбен авион на НАТО се појави во близина на авионот на српската авиокомпанија, во близина на Руско-Летонската граница.

    Во врска со изборите Вучиќ изјави дека постои голем интерес неговата партија (СНС) да оди на предвремени парламентарни избори, но дека не се согласува со тоа, бидејќи има одговорност кон државата.

    -Државата мора да биде над партиските интереси – посочи Вучиќ.

    Тој додаде дека со новите парламентарни избори формирањето на новата влада би се одложило за најмалку 10 месеци, а според неговите очекувања новата влада би била формирана пред законски предвидените рокови, до август.

    Вучиќ кажа и дека в недела или понеделник ќе разговара со лидерот на опозициската Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас бидејќи се залага за смирување на тензиите во државата и дека ќе разговара со сите што тоа го сакаат, и со парламентарната и со вонпарламентарната опозиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img