Некролог за Александар Вучиќ го преплави Белград, наведено е и времето на смртта – Брнабиќ го впери прстот кон српската опозиција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Тешко болни и длабоко вознемирени луѓе кои го прават ова и мислат дека тоа е политика, ќе го добијат одговорот на народот на изборите во Белград на 2 јуни“.

Вака реагираше претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, откако, според неа, опозицијата во Србија испечатила некролог за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Надлежните органи да си ја вршат работата согласно законот, бидејќи ова не е ниту шега, ниту забава, туку за секој нормален човек е длабоко вознемирувачки и претставува јасна и недвосмислена закана за животот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Ова, и ништо друго, е резултат на политиката на Ѓилас Србија против насилство“ и против тоа ќе се бориме секоја минута, секој час, секој ден, засекогаш. Секогаш со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, напиша Брнабиќ на мрежата Икс.

Share This Article