More

    Неколку тепачки низ целата земја регистрирала полицијата во последниот ден од април

    spot_img

    Неколку тепачки низ целата земја регистрирала полицијата во последниот ден од април.

    Пренесуваме дел од нив:

    На 30.04.2023 во 19.30 часот во Полициска станица Гази Баба Б.Ф.(20) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во селото Сингелиќ, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Б.С., Т.С. и Ј.С.

    На 30.04.2023 околу 21.15 часот во полициско одделение Сарај е пријавено дека во селото Сарај по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.И.(51) и А.А.(36), двајцата од Сарај.

    На 30.04.2023 во 14.00 часот во Полициска станица Битола М.К.(32) од Србија пријавила дека на 29.04.2023 околу 15.00 часот во стан во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од друг малолетник.

    На 30.04.2023 во 15.30 часот во СВР Охрид М.Ј.(48) од Кичево пријавила дека околу 15.30 часот во Кичево таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од нивната сосетка Џ.П.(37) од Кичево.

    На 30.04.2023 во 19,30 часот во СВР Скопје Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во селото Сингелиќ, Скопско, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што пријавителот и неговиот син Б.Ф.(22) биле физички нападнати од Б.С., Ј.С. и Т.С. кој притоа извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух.

    На 01.05.2023 во 02,10 часот во Полициска станица Охрид В.К.(53), таксист од Охрид, пријавил дека околу 00.20 часот во Охрид бил физички нападнат од патник кој го превезувал.

    На 30.04.2023 во 11.40 часот во Полициско одделение Сарај Е.С.(31) од селото Арнакија, Скопско, пријавил дека во куќа во селото од залутано зрно било оштетено стакло од прозорец.

    На 30.04.2023 во 16.45 часот во Полициско одделение Велушина, И.М.(34) од селото Кременица пријавила дека околу 16.15 часот во Кременица била физички нападната од А.Н.(29) од Битола.

    На 01.05.2023 во 00.30 часот во Полициска станица Битола Ј.П.(51) од Битола пријавил дека на 30.04.2023 околу 18.30 часот во Битола нејзиниот син К.П.(24) од Битола, бил физички нападнат од двајца малолетници.

    На 30.04.2023 во 22.10 часот во Полициско одделение Петровец е пријавено дека во спортска обложувалница во селото Петровец, Скопско, едно лице го искршило стаклото од влезната врата и со закана од вработената одзело пари.

    На 30.04.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Радовиш И.Џ.(45) од селото Прналија, Радовишко, пријавил дека околу 15.00 часот во Прналија неговиот син бил физички нападнат од едно лице од истото село.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img