Неколку региони во Ирак беа погодени од силна песочна бура, а стотици граѓани побараа лекарска помош поради проблеми со респираторниот систем.
Намалената видливост ги запре и сите авионски летови од и до ирачката престолнина.
Снимките од улиците на Багдад покажуваат дека целиот град е обвиен во портокалова боја.
Бурата предизвикала проблеми и во други делови од земјата. Болниците во Наџаф примиле 63 лица кои имале респираторни проблеми.
Во провинцијата Анбар, на западот на земјата, уште 30 лица се јавиле во болниците, пренесува „Гардијан“.