Неколку луѓе загинаа кога мал авион се урна во камп-парк на Флорида. Несреќата се случила синоќа, а се претпоставува дека загинале патниците од авионот, како и жителите во камп приколките и мобилните куќи кои биле уништени од пожарот.
Несреќата се случила веднаш откако пилотот на авионот испратил повик за помош до контролата на летање. Се претпоставува дека дошло до дефект на моторот. Според медиумите, станува збор за помал авион, но во моментов не се знае колку патници имало во авионот, ниту од каде полетал или до која дестинација.
Шефот на противпожарната служба Скот Елерс од округот Клирвотер, Флорида, рече дека има повеќе жртви во авионот и во камп куќите, но дека точниот број на жртви засега не е познат. Како што најави, повикот за помош дошол неколку моменти пред да се урне авионот.
– Во овој момент не се знае судбината на пилотот, каде се движел авионот и од каде полетал. Во близина се наоѓа меѓународниот аеродром „Сент Пит Клирвотер – рече Елерс.