Неколку дена ова лето меѓу кои 10 јули, 22 јули и 5 август 2025 година ќе бидат пократки од стандардните 24 часа

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неколку дена ова лето меѓу кои 10 јули, 22 јули и 5 август 2025 година ќе бидат пократки од стандардните 24 часа, предупредуваат научници од различни институции ширум светот. Причина за тоа е забрзаната ротација на Земјата, забележана со висока прецизност преку атомски часовници.

Според пресметките, овие денови ќе бидат пократки за од 1,3 до 1,6 милисекунди, промена која не се чувствува на индивидуално ниво, но е крајно значајна за глобалните технолошки системи.

На 10 јули Земјата го имаше досега најкраткиот ден во 2025 година, 1,36 милисекунди пократок од 24 часа. Денешниот ден, 22 јули, ќе биде пократок за 1,34 милисекунди, а уште пократок ден се очекува на 5 август, 1,51 милисекунда под 24-часовната граница.

– Овие микроскопски отстапувања се следат со атомски часовници од 1955 година, кои овозможуваат прецизно мерење на времето и ротацијата на планетата – велат од Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтни системи (IERS), со седиште во Франкфурт.

Истражувачи од Институтот за океанографија „Скрипс“ и Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего ја истакнуваат положбата на Месечината како клучен фактор.

– Плимата и осеката што ги предизвикува Месечината ја забавуваат или забрзуваат ротацијата, зависно дали е над екваторот или не. Исто така, летните сезонски ефекти и движењето на млазниот тек ја менуваат атмосферата, што резултира со побрзо вртење на самата планета – објаснува проф. Данкан Агњу.

Тој додава дека аголниот момент на Земјата и атмосферата мора да останат постојани, според законите на физиката, што значи: кога атмосферата „губи“ брзина, планетата ја „презема“.

Ротацијата на Земјата и мерењето на времето се клучни за функционирање на ГПС-системите, телекомуникациите, финансиските трансакции и електричните мрежи.

– Престапната секунда, што се додава кога Земјата се движи побавно, може да предизвика софтверски проблеми. Слични ризици постојат и кога ротацијата се забрзува – вели физичарот Џуда Левин.

- Advertisement -
Ad image

Тој објаснува дека иако Земјата има краткорочни шеми на забрзување, предвидувањето за подолг период останува несигурно. Затоа Меѓународната служба не прави прогнози подалеку од една година.

Во 1972 година, поради акумулирано задоцнување во ротацијата, ИЕРС го воведе концептот на „престапна секунда“, слично како престапната година. Од тогаш досега се додадени 27 вакви секунди. Последниот пат, Земјата го доживеа најкраткиот ден во историјата на 5 јули 2024 – 1,66 милисекунди покус од 24 часа.

Со зголемувањето на технолошката зависност од прецизно време, се зголемува и интересот за овие мали, но значајни промени во движењето на нашата планета.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article