Шпанските и британските медиуми објавија дека по само три одиграни натпревари за Ал Хилал во Саудиска Арабија, Нејмар побарал отказ за тренерот Хорхе Жесус.
Нивниот однос наводно е нарушен по средбата со Узбекистан (1:1) во азиската Лига на шампиони. Бразилецот на тој меч доби жолт картон поради неспортско однесување, потоа поради критикување кон тренерот, но потоа се судрија со него во соблекувалната. Беше кажано дека малку недостигала тепачка.
Нејмар се огласи на социјалните мрежи и ги негираше наводите за конфликтот.
“Лага. Треба да престанете да верувате во вакви медиуми. Не можете да ширите лажни вести со милиони следбеници. Со сета почит, те молам издржи со мене. Ова е големо непочитување“.
Бразилецот минатиот месец потпиша двегодишен договор со Ал Хилал, без опција за продолжување. Во овој период со сите бонуси би можел да достигне 400 милиони евра.