Нејмар, бразилскиот фудбалер и најскапиот играч на сите времиња, постепено напредува со опоравувањето од повредата.
Бразилецот го повреди коленото за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Уругвај во октомври.
Стадионот во Монтевидео го напушти со патерици, есента беше опериран во болницата во Бело Хоризонте, а после тоа се знаеше дека го чека долг и напорен период на опоравување.
Потребни се шест до 12 месеци за да се санира повредата на предните вкрстени лигаменти и менискусот, а снимката која се појави пет месеци подоцна покажува дека Нејмар се уште има болки.
Познатиот фудбалски сајт 433 објави видео на кое Нејмар го зајакнува квадрицепсот на колената, а во таа прилика вика од напорот и болката, а се слуша и како пцуе.
За Нејмар веќе се знаеше дека сезоната е завршена, но сега веќе е во фаза на продолжување на коленото и сето тоа мора да го надмине за да се врати на теренот.