More

    Нејмар објави дека ја изневерил својата бремена девојка, коментарот на неговиот татко ги шокираше сите

    spot_img

    Навивачите се навикнати Нејмар да плови од контроверзии во полемики, а сега падна уште подолу.

    Нејмар ја изневерил девојката Бруно Бјанкарди, а потоа одлучил дека е добра идеја да се извини на Инстаграм.

    Најпрво се чинеше дека тоа е еден од многуте луди предизвици на Инстаграм на кои потклекна, но потоа се огласи татко му и реши – да му честита.

    Набргу потоа стигна објаснување дека „таткото не ја прочитал објавата до крај и дека мислел дека е најава за свадба“.

    „Тоа е тоа, синко. Животот продолжува да не учи. Честитки“, напиша таткото на Нејмар.

    Од кога се беше лесно со Нејмар?

    Интересно, никој од медиумите не ја објави информацијата дека ја изневерил девојката, туку решил сам да го направи тоа.

    „Го правам ова за вас двајца и за нашето семејство. Го оправдувам она што не може да се оправда. Не морав, но ми требаш во нашиот живот. Видов колку страдаше поради сето ова и колку сакаш да бидеш со мене и колку јас сакам да бидам со тебе. Направив грешка. Се осмелувам да кажам дека грешам секој ден, на теренот и надвор од него, но грешките во приватниот живот ги решавам дома, во приватноста, со пријателите и семејството“, изјави Нејмар.

    Потоа дојде продолжението.

    „Сето ова се сведе на луѓе кои се посебни во мојот живот. На жената за која сонував дека ќе биде покрај мене, мајка на моето дете. Ова беше удар за вашето семејство, кое сега е и мое семејство. Имаше нарушување на интимноста во таков посебен момент како мајчинството. Бру, јас веќе се извинив за моите грешки, но чувствувам потреба да го направам тоа вака, јавно. Приватната работа стана јавна и затоа извинувањето треба да биде јавно“.

    И тогаш, како и секој прељубник, почна да се извинува.

    „Не можам да се замислам без тебе, не знам дали ова ќе донесе резултати, но денес сакам да бидете сигурни дека сакам да се обидам. Нашата цел ќе надвладее, нашата љубов кон детето ќе победи, нашата љубов еден кон друг ќе не зајакне. Засекогаш јас. Те сакам“, заврши Нејмар.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img