Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда на денешницата, Нејмар (31), на Инстаграм објави дека наскоро ќе стане татко по вторпат.
Напаѓачот на ПСЖ откри дека неговата девојка Бруна Бјанкарди (28) е бремена.
Нејмар и Бруна објавија фотографии на кои позираат, истакнувајќи го трудничкиот стомак на идната мајка.
„Ние го сонуваме твојот живот, го планираме твоето доаѓање и сознанието дека си тука за да ја потполниш нашата љубов, ни ги прави деновите многу посреќни. Доаѓаш во прекрасно семејство, со сестра ми, дедо, баба, чичковци и тетки кои многу те сакаат! Дојди наскоро, дете, со нетрпение очекуваме да те видиме!“, пишува во нивната објава со цитат од Библијата.
Инаку, Нејмар од претходната врска со Каролина Дантас го има 12-годишниот син Дави Лука. Со инфлуенсерката Бруна започна врска пред две години, а јавно објави дека се заедно во јануари 2022 година. Во август минатата година парот се раздели, но набрзо се смирија и сега го чекаат своето прво заедничко дете.
ФОТО: Инстаграм