Ветото на Унгарија за членството на соседна Украина во ЕУ може да биде симнато доколку ЕУ ги одмрзне досега замрзнатите 30 милијарди евра за Унгарија изјави политички директор од кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Парите за Унгарија ЕУ ги замрзна поради проблемите со владеењето на правото и нарушување на демократските капацитети.
Иако 26 земји-членки на ЕУ дадоа препорака Украина и Молдавија да ги отпочнат преговорите со Унијата, ситуацијата е несигурна поради Орбан. Во четврток и во петок лидерите на земјите ќе се соберат на самит на кој ќе бидат разгледувани овие прашања. Меѓу другото, Грција најави 37 вета за Албанија да ги отпочне преговорите поради случајот со уапсениот градоначалник на Химара, Фреди Белерис, кој е од грчко потекло.
Орбан, исто така, повтори дека ова прашање треба да биде отстрането од дневниот ред на самитот на ЕУ оваа недела.