More

    Неисплатените субвенции ќе се исплаќаат до 2026 година, ветува Мицкоски

    spot_img

    И покрај наследените, заостанати субвенции, сега има редовна исплата на тековните субвенциите и враќање на стари долгови изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги тврдењата на СДСМ дека млекарите се пред банкрот.

    – Во земјоделието наследивме исклучително тешка слика и големи долгови. Покрај редовната исплата на субвенциите имаме досега близу или нешто над 1 милијарда денари стари долгови, вратени. Очекуваме во следниот буџет уште една, и веќе во 2026 година да се изедначиме со тековната исплата на субвенциите – рече Мицкоски.

    Тој рече дека пораките коишто доаѓаат од опозициската СДСМ се од незнаење и дека е тој е шокиран од нив.

    – Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се темелат на незнаење, коишто доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале таква политика да водат, на нив е. Нашата политика е оваа којашто е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој – рече Мицкоски.

    Приоритет на Владата, додаде тој,  е поддршка на македонското земјоделство, затоа носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај земјоделците.

    Фото: Freepik

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img