More

    НЕФУНКЦИОНАЛЕН ЗАВОД И МУЗЕЈ ОХРИД СО КРИМИНАЛНА СОДРЖИНА ПОДДРЖАН ОД ОХРИДСКА ПОЛИЦИЈА ГО УНИШТИЈА УРБАНИСТИЧКИ ЉУБНИШКО ПОЛЕ

    spot_img

    Хаос и безредие со акцент на специјален државно аминуван урбанистички хаос во атарот на село Љубаниште поддржан и надограден од властита во Северна Македонија во континуитет од цели 30 години, секако дека е само дел од жална македонска реланост.

    НАЈСВЕТИОТ АРХЕОЛОШКИ РАНОХРИСТИЈАНСКИ ЛОКАЛИТЕТ РАИЦА МАНАСТИРИШТА ВО ЉУБАНИШТЕ, УНИШТЕН ЦЕЛОСНО!!

    Археолошкиот локалитет кој датира од ранохристијанскиот период Раица манастириште, се протега од манастирскиот комплекс Свети Наум, па се до манастирскиот комплекс Света Богородица -Заумска, за прв пат мало археолошко истражување на овој значаен ранохристијански археолошки локалитет врши Завод и музеј Охрид во далечната 1970 година под раководтсво на археологот Васил Лахотов, додека покасно во 80-тите години на минатиот век археологот Владо Маленко, на овој потег открил велелепни ранохристијански базилики со орнаментика на мозаици кој за прв пат се јавуваа во светски рамки. Археолошкиот локалитет Разица Манастиришта се наооѓа под правна јурусдикција на Националниот парк „Галичица“ и Завод и музеј Охрид  како строго заштитено подрачје од посебен национален интерес, но за жал само на пишана хартија, во пракса сосема поинаку!!!

    Денешната слика на Археолошкиот локалитет  Раица Манастиришта, е онаа грда, невкусна, која ја дава реалната грда слика за Македонија како држава, одсликува реалноста зошто ниту по 30 години никако да постанеме држава, грдите алчни навики кој го уништуваат македонското битие, се одсликува на секој чекор, жално, но сепак вистинито…

    30 години по примерот на дивиот запад, кој каков моќник будала се сетил на Љубанишко поле и неговите убавини, дошол и се посрал на тоа место, преку ноќ никнуваат дивоградби, се уништува целокупниот археолошки локалитет, најнапред по потраги за злато, а покасно на истите места се изградуваат велелепни викендици, кои со некој закон за легализација покасно истите се легализираат  или, Македонија постана Мека и Медина за оние политичари – криминалци заштитени од политичките партии…

    НЕФУНКЦИОНАЛЕН ЗАВОД И МУЗЕЈ ОХРИД СО КРИМИНАЛНА СОДРЖИНА ПОДДРЖАН ОД ПОЛИЦИЈА….???

    Установата која треба да се грижи за археолошките наоѓалишта во Охрид Завод и музеј Охрид години наназад е претворена во збирштина од политички полтрончиња, на кој побитен им е столчето во Музејот, отколку археолошките богаства за кој патем треба да се грижат. Само во последниве години во Археолошкиот локалитет Раица Манастиришта, изградени се пред очи на овие музејски полтрончиња над 200 дивоградби со што во целост е уништен комплексот Раица Манастиришта!!

    Доколку се погледне списокот на сопственици на овие дивоградби, реалноста е малку покриминална, тоа се политичари локални и државни, голем број на полициски функционери, минати и сегашни, кумашини и куми на високи политичари од сегашната власт, кои дури прават и огромни хациенди со базени со подигнати заштитни тараби од по 5 метри и никого мрава не го лази????

    Единствена институција кој има дејствија за заштита на локалитетот Раица Манастриришта во Љубаниште е Националниот парк „Галичица“, кој секојдневно спроведува акции за заштита на овој локалитет. Но и при ваквите акции кои се со полициска асистенција, повторно има трагикомична состојба, униформираните полициски службеници биле само декоративна појава, додека според нив овластување за постапување имал само Испекторатот, кој најнапред треба да извршел правна анализа дали имал право да постапува!!! Шије ми га Џура.,…

    С.Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img