More

    Недоумицата околу нападот на Црноморската флота продолжува

    spot_img

    Големата недоумица околу тоа кој стои зад украинскиот ракетен напад во најголемото пристаниште на Крим и дали беше убиен адмиралот Виктор Соколов продолжува. Додека руската страна тврди дека биле вмешани странски разузнавачки служби, британскиот магазин Сан пишува нешто друго – дека руски офицери го предале Соколов оддавајќи информаци на една партизанска група по име АТЕШ.

    Партизанската група која го смета Путин за тиранин, според Сан, нудела парична награда за соработка. Портпаролот на групата за Киев Пост изјави дека информациите кои групата ги доставила биле клучни за уништувањето на големиот амфибиски јуришен брод Минск и за оштетувањето на подморницата Ростов на Дон на почетокот на овој месец.

    „Руската армија добро знае за постоењето на партизанското движење и ги користи сите свои сили и ресурси за да го потисне и да ги идентификува нашите агенти“, соопшти АТЕШ.

    Партизанската група е уверена дека ќе може да ги продолжи операциите против силите на Путин.

    „Имаме уши и очи и внатре и надвор, така што први слушаме и гледаме што се случува таму“, велат тие.

    За инцидентот денеска се огласи и руското МНР. Портпаролката Марија Захарова изјави дека нападот „е извршен на барање на американските и британските разузнавачки служби“ и во координација со нив.

    – Нема сомнеж дека нападот бил планиран со користење на западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО и извидувачки авиони – рече Захарова.

    Вчера, руското Министерство за одбрана објави снимка на која наводно се гледа дека адмиралот Виктор Соколов е жив и дека стоел до министерот Сергеј Шојгу на состанок на воениот врв. Автентичноста на видеото не беше потврдена и останува под знак прашалник.

    Рускиот медиум ЅвездаЊуз објави интервју со Соколов кое беше споделено на социјалната мрежа Х. Автентичноста на видеото не е потврдена.

     

     

    Соколов беше поставен од страна на Путин за да ја врати гордоста на флотата по загубата на водечкиот брод Москва кој минатата година беше погоден од украинските ракети „Нептун“.

    Наводното предавство на војниците на Путин, според Сан, се случило додека адмирал Соколов се состанувал со други команданти на состанокот за планирање на војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img