Фармацевтската компанија Сандоз пријави недостиг на добро познатиот лек против болки Ketonal DUO 150 mg, тврди капсули со прилагодено ослободување, активна состојка кетопрофен.
Причините за недостигот се поврзани со производството, велат од компанијата.
Недостигот на лекот е пријавен од 24 октомври, а се очекува до 15 декември да го нема во аптеките, пишува Дневник.хр.
Ketonal DUO се користи за ублажување на болка и воспаление, најчесто кај ревматоиден артритис, болки во зглобовите или грбот, ортопедски и други хируршки процедури или болна менструација.