Небезбедни шампони за коса произведени во Бугарија и во Турција пронајдени се во промет во продавници во Македонија. Козметичките производи со поминат рок на употреба и без датум на производство, се запленети и уништени на депонијата во Крива паланка.
„На градскате депонија во Крива Паланка, во присуство на државен санитарен и здравствен инспектор, на 26 јануари е извршено поништување на небезбедни козметички производи најдени во промет“ – информираа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
Како што појаснуваат од ДСЗИ, станува збор за шампони за коса со поминат рок на употреба и несоодветни означувања, без податок за датум на производство.
Санитарните инспектори заплениле 70 пакувања во различна големина или вкупно 26,8 литри од небзбедните шампони од бугарско и турско производство.