„Три важни средби. За реформите, што сѐ можеме да направиме, а имаме и уште еден проблем што треба да го решиме и ќе го решиме во следните 7 дена. Особено сум му благодарен на Шарл Мишел, денешниот ден беше различен и стратешки многу важен, а и многу сум среќен што можев да разговарам со него за сите важни прашања, како за Европската Унија (ЕУ), така и за нашиот пат кон ЕУ, но и за сите важни светски прашања. Многу важни и многу добри разговори. Нè очекуваат разговори со Борел и со Лајчак, а потоа и со Курти, Борел и со Лајчак“.
Ова го рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, на неговото обраќање кон српската нација, објави српски Б92.
Тој рече дека не очекува ништо од средбата со Курти.
Претседателот коментираше дека е задоволен од реизборот на Урсула фон дер Лајен за шеф на Европската комисија поради претходните односи и дека нема да го коментира потенцијалниот избор на Каја Калас.
– Никогаш не можете да споите сè за да биде онака како што сакате – рече тој.
Вучиќ за новиот генерален секретар на НАТО, Марко Руте, рече дека не знае дали НАТО ќе ја нападне Русија, но дека му честита.
Тој се осврна и на војната во Украина.
– Не гледам начин да се стави крај на војната во Украина. Се зборува за прекин на огнот веднаш, само кога луѓето ќе престанат да умираат… Но, јас не гледам начин како тоа да се случи – рече Вучиќ.
Западот мора да се бори до крај, но од друга страна, Западот не сака да се стави на местото на Путин, кој ако изгуби, тоа значи дека нема повеќе Русија, како што ја знаеме, па затоа рускиот претседател не смее да дозволи самиот да биде поразен поради земјата, семејството, наследството, според српскиот претседател.
Тој нагласи дека не може да учествува во бесмислената пропаганда на ниедна страна. Не ме интересира никој друг освен Србија“, рече Вучиќ.
Тој го коментираше и учеството на Европското фудбалско првенство.
– Луѓето во Србија заслужуваат подобри резултати – истакна тој.
Александар Вуќиќ е во еднодневна посета на Брисел, при што подоцна денеска ќе учествува на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина кој се води под покровителство на Европската Унија.