More

    Не тргнувајте на пат додека не го проверите овој важен детал!

    spot_img

    Македонците сакаат многу да патуваат, а сега е период на годишни одмори, па доколку планирате да заминете во странство најдобро е да ја проверите исправноста на вашите лични документи и пасоши.

    Важно е да се провери валидноста на пасошот пред патувањето за да не дојдете во непријатна ситуација, бидејќи би ве вратиле од граница, не само доколку не го понесете пасошот со себе. Може да се случи навреме да не го проверите периодот на важност на документот, кога исто така може да наидете на бројни проблеми.

    Луѓето сметаат дека доколку патуваат преку туристички агенции, агентите се должни да ги потсетуваат своите клиенти да ги проверат пасошите и рокот на траење. Доколку тоа се случи, важно е да се знае дека тоа е добра волја на вработените во агенцијата.

    На официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во делот за општи препораки, првата точка е: проверете дали вашиот пасош е валиден пред да патувате. Исто така, наведено е дека „пасошот мора да важи најмалку три месеци по планираниот датум на враќање од земјите од Шенген зоната и пасошот мора да е издаден во претходните 10 години“.

    Од вкупно 27 земји членки на Европската Унија, 22 од нив се наоѓаат во таканаречената Шенген зона. Од земјите кои се интересни за македонските граѓани, со исклучок на Грција и на Германија, во земјите од Шенген зоната спаѓаат Австрија, Унгарија, Словенија и Франција, како и Швајцарија, Чешка, Италија и други.

    За некои други дестинации на кои нашите туристи често избираат да патуваат, важат малку поинакви услови. Затоа секогаш се препорачува да се провери официјалната веб-страница на ресорното министерство или да се контактира со конзуларното претставништво на конкретната земја во Македонија.

    Грција

    Пасошот мора да важи најмалку три месеци од моментот кога македонскиот државјанин планира да ја напушти територијата на Грција. Престојот до 90 дена во период од шест месеци не повлекува барање за виза.

    Турција

    Периодот на важност на пасошот при патување во Турција мора да биде најмалку 150 дена од денот на официјалниот влез на територијата на таа земја. Не е неопходно македонските државјани да имаат виза за влез во Турција, доколку се работи за престој до 90 дена, а во рок од шест месеци, сметајќи од денот кога е евидентиран првиот влез.

    Доколку, пак, македонски државјанин сака да остане во Турција подолго од тој период, мора да поднесе официјално барање за виза. А, предвидено е сите странски државјани да имаат патна исправа, која важи најмалку 60 дена од денот на истекување на дозволата за престој или визата, односно дозволениот престој без потреба од барање виза, кој изнесува 90 дена во период од шест месеци.

    Хрватска

    На граѓаните на нашата земја кои патуваат во Хрватска не им е потребна виза доколку престојуваат до 90 дена во период од шест месеци. Според Министерството за надворешни работи, патната исправа мора да важи најмалку три месеци, сметајќи од датумот на планираното враќање.

    Албанија

    Македонските граѓани кои поседуваат важечка патна исправа или биометриска лична карта можат да влезат, транзитираат и престојуваат во Република Албанија без виза 90 дена, во рок од 180 дена од денот на првиот влез на територијата на земјата.

    Египет

    Со оглед на тоа дека двете земји имаат таканаречен визен режим, тоа значи дека македонските државјани кои патуваат во Египет мора да имаат виза. Туристичките визи може да се добијат најмногу на аеродромите низ земјата која чини 25 долари, а се добива со хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци.

    Црна Гора

    Граѓаните на нашата земја можат да влезат во Црна Гора со важечки пасош или со важечка лична карта. Во зависност од тоа кој документ го користат при влез на црногорска територија, зависи и од тоа колку долго имаат право да останат без виза.

    Тие имаат право да престојуваат во Црна Гора до 30 дена, доколку користат лична карта при преминување на границата и три пати подолго, или до 90 дена, доколку користат важечки пасош.

    Доколку планирате да патувате во некоја друга земја, без разлика дали имате аранжман преку агенција или самите го планирате патувањето, задолжително проверете ги условите за патување кои ги има на интернет страната на Министерството за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img