Не се официјално разведени, ама Сандра брзо нашла утеха

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот водител Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра одлучија да стават точка на бракот на почетокот на годината, по 18 години заеднички живот, кога сфатиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да тргне по својот пат, објавија српските медиуми пред неколку дена.

Двајцата наводно многу брзо се договориле спогодбено да се разведат и да го поделат брачниот имот, за сè да помине што побрзо и побезболно, пред сè, заради нивните две деца.

Наводно, сега една од приказните е дека Сандра не била долго сама, па дека веќе извесно време ужива во љубовта со новиот партнер, пишува српски Курир.

Бидејќи разводот меѓу неа и Милан сè уште не е финализиран, таа наводно не е подготвена да се појави во јавноста со својот нов избраник, но нејзините блиски пријатели се воодушевени од нејзиниот избор и поради тоа што таа конечно е среќна и повторно блеска по долго време.

Сè уште не е позната причината за разводот, се шпекулира дека на Сандра ѝ пречел опуштениот живот на Милан, но тоа не е потврдено.

Јасно е дека во бракот настанал нерешлив проблем, па Милан се преселил кај мајка му. Како што пишуваат српските медиуми, недолго потоа Сандра го запознала новиот партнер, па не тагувала, туку наводно си го продолжила животот.

За разлика од неа, Милан во моментот е без партнерка, а виден е како сам и нерасположен шета во Белград, во непосредна близина на станот на неговата мајка Боба.

Share This Article