Поранешниот министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор, Никола Димитров, вели дека вината за проблемот со промена на личните документи лежи во државата која требаше да ги сноси трошоците наместо граѓаните.
– Се работи за кабает од наша страна. Не се работи за Договорот, туку за неговото спроведување. Дури кога се видело зошто се издавале стари пасоши години по влегувањето во сила на договорот во 2022 година? Јас уште од почеток имав став дека ова мора да биде на трошок на државата. Зошто немало дипломатска комуникација кога се видело дека државата нема капацитет да го реши тоа, одиме во тесно грло. Македонската страна не се ни заинтересирала да види дали ова може да се реши со грчката страна – рече Димитров во гостување на ТВ Сител.
Според него, една од големите придобивки со Преспанскиот договор беше што го затворивме македонското прашање излегувајќи од тој проблем како Македонци кои зборуваат македонски јазик.
– Главно беше НАТО и ЕУ како придобивка. Излеговме со недопрен македонски идентитет, тоа за мене е многу голема придобивка. Важна работа е што тензиите одат надолу, а пријателтвото оди нагоре – вели Димитров.