Украина беше цел на „масовен“ сајбер напад, чии „жртви“ беа владата и банките, само неколку часа откако беше прогласена вонредна состојба поради опасност од руска окупација. Веб-страниците на Министерството за надворешни работи, Министерството за стопанство, МВР, Службата за безбедност и кабинетите на министри попладнево се исфрлени од употреба, пишува Дејли мејл.
Вицепремиерот Михајло Федоров рече дека банките биле нападнати и со „масовен“ DDoS напад, што значи „бомбардирање“ на информативните сајтови додека не паднат.
Западните аналитичари уште порано предупредија дека сајбер нападите ќе бидат првата фаза од руската инвазија на нејзините соседи.
Сајбер-упадот се случи само неколку часа откако земјата беше повикана да се подготви за војна. Прогласена е вонредна состојба, повикани се 200.000 резервисти, затворени се граничните премини, а три милиони Украинци се поканети да ја напуштат Русија.
Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека е отворен за демократија, но не и за преговори за заштита на руските безбедносни интереси. Русија го евакуираше и својот персонал од амбасадата во Киев, а украинските безбедносни служби тврдат дека од Москва на рускиот фронт биле испратени 45.000 торби за собирање на мртви тела, во случај на конфликт, што би требало да биде показател до каде е подготвен да оди Путин.