More

    Не палете цигара во автомобил, ќе ве чини 1.500 евра!

    spot_img

    Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор.

    Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата:

    Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
    Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
    Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра

    Неносење појас – 350 евра
    Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
    Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра

    Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун.

    А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:

    „Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“.

    Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас.

    А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија?

    Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра
    Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра
    Поминување на црвено светло – 300 евра
    Некористење појас – 20 евра
    Непрописно паркирање – 45 евра
    Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра
    Дневно возење без дневни светла – 35 евра

    Во соседна Бугарија казните се следните:

    Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра
    Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра
    Поминување на црвено светло – 25 евра
    Неносење појас – 25 евра
    Непрописно паркирање – до 102 евра
    Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра
    Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img