Не можеле никако да стигнат до пациентот кој се лизнал на замрзната улица во Крушево

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Човек паднал на улица во Крушево и побарал медицинска помош, но лекарите од Брзата помош не можеле да стигнат до пациентот поради тоа што улицата била замрзната, а општинските служби намерно не фрлиле сол за да не се оштетат бекатон плочките.

Вакво тврдење на Фејсбук изнесе лекар вработен во Итната медицинска помош во Крушево, кој објаснува дека тој и неговите колеги биле принудени да побараат помош од жителите од околните куќи.

Како што вели тој, лекарите барале од луѓето да им дадат чорапи кои ги облекле преку чевлите и така, нога пред нога, стигнале до пациентот.

Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот во целост:

„Апел до надлежните во о. Крушево. Иако во изминатиов период се изнаслушавме дека сме ваква, таква, дестинација. Да ве известам дека екипата на ИМП – Крушево, имаше повик на улицата која е на сликите, за паднато лице. Ние како екипа немавме можност да стигнеме до местото бидејќи цела улица беше со мраз, лицето беспомошно лежеше на мразот, за на крај да моравме да побараме чорапи од куќата во близина, да ставиме над нашите чизми и да фрлиме неколку лопати земја, за да стигнеме до лицето, имајќи предвид дека требаше да ја застанеме носилката и потоа да го однесиме до комбето. Не знам ова како ви звучи, но жално е. Од луѓето кои излегоа да ни помогнат слушнавме дека неколку пати било апелирано да се фрли сол, но им било одговорено дека ќе се оштетат бекатон коцките. Зарем човечкиот живот е поевтин од коцките, кои може да се заменат? По оваа улица може само да се лета, но не и да се оди. Ако планиравте утре да ја посолите улицата, доцна е. Човекот е веќе во болница. Но на неговото место можеше да биде секој од нас“.

Share This Article