More

    Не јадете брзо: Колку долго стомакот „разбира“ дека е полн

    spot_img

    Добро џвакајте ја храната и вашето тело ќе ви се заблагодари. Темелното џвакање храна има бројни придобивки за дигестивниот систем и усната шуплина.

    На пауза на работа, трчајќи по децата, во автомобил… многумина од нас се навикнати така да ги јадат оброците. И тогаш храната повеќе се голта отколку што се џвака и се ужива. Здравствените експерти предупредуваат дека е исклучително важно темелно да се џвака секој залак, пишува vijesti.me.

    Секој залак треба да се џвака што повеќе пати, по можност и до 30 пати, а за да си помогнете, првиот чекор е да седнете и да јадете во мир.

    Истражувањата покажаа дека подолго џвакање на храната го олеснува дигестивниот систем и помага на цревата, пишува Ordinacija.

    Џвакањето е првиот чекор во варењето на храната и му помага на желудникот да ја обработи храната со разградување на поголемите честички од храната на помали. Џвакањето исто така го зголемува производството на плунка за да може да се проголта без да се иритира хранопроводникот. Ако храната не се џвака правилно, поголеми честички влегуваат во дигестивниот тракт предизвикувајќи дигестивни проблеми како гасови, надуеност, запек, главоболки и намалено ниво на енергија.

    Додека ја џвакате храната, се создаваат повеќе ензими кои помагаат дополнително да се разградува храната за да се помогне варењето. Процесот на џвакање, исто така, го стимулира производството на хлороводородна киселина во желудникот, што дополнително го помага варењето, преку регулирање на pH за зголемување на нивото на киселост, што помага во разградувањето на храната.

    Џвакањето го зголемува производството на плунка која содржи епителен фактор на раст, полипептид кој го стимулира растот на епително ткиво. Џвакањето храна темелно го зголемува производството на овој EGF, хранејќи ги цревата.

    Добро за усната шуплина
    Кога долго џвакате тврда храна, ги масирате непцата, со што се подобрува циркулацијата на крвта и се одржува здравјето на непцата.

    Експертите за дентална хигиена, исто така, велат дека интензивното џвакање може да спречи кариес бидејќи ја струга плаката и произведува повеќе плунка, која ги штити забите од киселини и содржи минерали кои ја одржуваат глеѓта силна и здрава.

    Нутрициона вредност
    Распарчувањето на храната на помали честички значи дека на телото му е полесно да апсорбира повеќе хранливи материи од храната. Исто така, колку подолго џвакате, толку подолго ќе ви треба да го завршите оброкот.

    Генерално, потребни се околу 20 минути за мозокот да му сигнализира на желудникот дека е полн. Значи, ако јадете побавно, помала е веројатноста да се прејадете.

    Исто така, факт е дека вкусот подобро ќе го почувствувате ако темелно ја џвакате храната бидејќи жлездите во усната шуплина лачат повеќе плунка која ги „подмачкува“ рецепторите за вкус, правејќи ги вкусовите поинтензивни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img