More

    Не ја фрлајте храната ако вашите сетила велат дека е добра

    spot_img

    Секоја храна е обележана со рок на траење, па купувачите имаат претстава до кога би требало да се изеде, но тоа не значи дека по истекот на тој рок намирниците треба да се фрлат.

    Факт е дека значителна количина храна се фрла врз основа на следење на рокот на траење на производот, но многу често овие датуми не значат многу. Kога треба наместо на рокот на траење, да им верувате на вашите сетила и која храна може да трае речиси вечно?

    Секоја година, приближно една третина од храната произведена за човечка исхрана се фрла, приближно 1,3 милијарди тони. Поголемиот дел од отпадот од храна би можел да се избегне доколку со отпадот се управува подобро, а за тоа придонесуваат и роковите на производите кои многу често не значат многу. Датумите најчесто се доделуваат од страна на производителите на храна произволно бидејќи законски се обврзани да ги имаат, но без никакви стандарди или експерти кои би донеле такви одлуки.

    Неодамна, синџирот супермаркети во Британија, Морисонс, најави отстранување на датумот за употреба на шишињата со млеко со цел да ги поттикне луѓето да не го фрлаат млекото врз основа на овој датум, а со тоа барем малку да го намалат отпадот. Идејата е да се охрабрат луѓето, наместо да го фрлаат млекото, прво да ги користат своите сетила за да утврдат дали е сè уште безбедно за консумирање.

    Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img