Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќе извесно време се обидуваат да се договорат за спогодбен развод, поради што постојано се во центарот на вниманието на јавноста, особено откако на површина излезе преписката на Душко со Северина, а еден детаљ на нивните раце привлече големо внимание. Душко и Јелена сè уште ги носат алките кои на пазарот постојат точно еден век и имаат многу длабока симболика, пишува српски „Мондо“.
Ретко кој обрнал внимание на ова интересно парче накит, кое и двајцата го носат во последно време. Станува збор за белегзија од брендот „Картие тринити“ (Cartier Trinity) вредна 960 евра, која се состои од три меѓусебно поврзани прстени од бело, жолто и розово злато на свилен конец кој може да биде во разни бои. Според традицијата, оваа белегзија сопружниците си ја купуваат еден на друг во знак на голема љубов, а парот кој ја носи со тоа покажува длабока поврзаност меѓу себе и желба брачната заедница и меѓусебната врска да ја одржат до бесконечност.
Покрај тоа, овој модел претставува и лојалност, љубов и пријателство, па затоа е совршен подарок за саканата личност. И Јелена и Душко не ја симнуваат оваа белегзија последните месеци.
Пејачката ги има во неколку бои, а ова парче накит го носеше на претставувањето на нејзините два албума „Алфа“ и „Омега“ во Белград на вода, на концертот на Милица Павловиќ каде што беше специјална гостинка, на новогодишна настап, на одмор во Дубаи, но и за 8 Mарт, кога ги покажа новите парчиња накит што ги доби за овој празник. Таа можеше да се види и за време на некои други јавни појавувања, како и на фотографии на Инстаграм. Тошиќ последен пат е виден со оваа белегзија во неделата на 2 јуни кога отишол да гласа на изборите.
Јелена при последното интервју за медиумите истакна дека ќе го даде животот за својот законски сопруг.
– Изјавата што ја даде е уште една интересна приказна… Им стави оружје во рацете на луѓето… Не знам што би рекла, нека биде дека останав без зборови, никогаш нема да кажам лош збор за таткото на моите деца и стојам на мојата изјава дека ќе скокнам на десетмина за него, што и да каже за мене – рече Јелена, додека Душко имаше тешки зборови.